Романтичната сторија на Даниел Солзовски и Гзиме Бајрактаровиќ е вечен потсетник за нивната силна љубовна искра.
Заљубениот битолчанец и неговата избраничка од Тетово живеат во Швајцарија, каде и ја крунисаа љубовта со брак. Свадбената прослава се одржа во луксузниот хотел „The Dolder Grand“, а среќната невеста носеше гламурозна венчаница со богата текстура.
Нивните најспецијални моменти се „спакувани“ во љубовно видео зад кое стојат македонските професионалци од „Зага Продукција“.