На денешната Света литургија на папата Франциск присуствуваа илјадници верници, а во првите редови на плоштадот Македонија седеа видни политичари од нашата земја.
Покрај претседателот Иванов, првата дама Маја и нивниот син Иван, верската церемонија ја проследија и претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Зоран Заев со сопругата Зорица и ќерката Александра, како и повеќе министри, политичари и членови на дипломатскиот кор, меѓу кои Радмила Шеќеринска, Оливер Спасовски, Никола Димитров, Драган Тевдовски, Венко Филипче, Љупчо Николовски, Христијан Мицкоски, Кочо Анѓушев и Петре Шилегов.
Фото: Филип Вирановски / Femina.mk