Почетна » Новости » Занимливости » Чудовиштата не можат да ја убијат љубовта: Моќно писмо на мајка до малиот син по нападот во Манчестер

Чудовиштата не можат да ја убијат љубовта: Моќно писмо на мајка до малиот син по нападот во Манчестер

Терористичкиот напад во Манчестер во кој животот го изгубија 22 лица, меѓу кои и деца, го потресе светот. И покрај тоа што кукавичкиот чин можеше насекаде да сее страв, омраза и желба за одмазда, мнозинството избра да возврати со пораки за љубов и обединетост.

Пораката на една мајка до нејзиниот мал син стана интернет хит. Текстот на блогерката од „Mummy Mumbles“ има над 100 илјади споделувања и го придоби вниманието на многу светски медиуми.

Раце

Утринските вести за терористичкиот напад во Манчестер ми го кршат срцето. Заради жртвите. Заради нивните семејства.

Заради тебе.

Заради тебе, твоите пријатели и твојата генерација.

Се плашам дека овие инциденти ќе се случуваат сè почесто и почесто како што ќе растеш и ми се гади кога помислувам дека не можам да те заштитам од суровите индивидуи кои го прават ова.

Додека растеш, можеби ќе си мислиш дека има повеќе смисла и дека е побезбедно „да седиш дома и не правиш ништо“.

Како твоја мајка, која те сака до болка, ја имам оваа порака за тебе:
Не прави го тоа. Излези... и прави СÈ.
Прави сè што ќе посакаш.
Оди секаде каде што сакаш.
Сретни се со кого сакаш.

Оди забавувај се во клуб, оди на училиште, на факултет, оди патувај и летај со авион, вози се во метро и оди на спортски натпревари, оди на одмор и види ги тие знаменитости, оди во шопиг центар, на концерт, на кино, во ресторан...

Можеби ќе се мислиш дека е чудно што токму јас сакам да го правиш сето тоа. Но, мојата причина е следната:

Моја работа е да те штитам. Да те штитам од чудовишта. Повеќето од тие чудовишта не можам да ги држам подалеку од тебе и да ги исплашам и не можам да те утешам дека заминале и дека нема да се вратат.

Овие чудовишта прават ужасни работи низ светот.

Не можам секогаш да те штитам од овие чудовишта.

Но, ако јас не можам да се борам со овие чудовишта за тебе, тогаш ќе те научам тебе како да се одбраниш.

Со тоа што едноставно ќе го живееш твојот живот.

Тие не го сакаат тоа.

Тие нема да победат ако го сториш тоа.

Па, прави го!

Секој ден.

Никогаш немој да се плашиш да уживаш и да го живееш животот со полни гради.

Не можам да ти гарантирам дека никогаш нема да се соочиш со нивните хорори и деструктивноста. Не можам да ти гарантирам дека нема да познаваш некој кој ќе загине во терористички напад, или не дај боже дека нема да настрадаш како последица на нивните обиди да повредуваат и убиваат луѓе.

Но запомни го ова:
Тие не можат да ја убијат силата.
Тие не можат да ја убијат решителноста.
Тие не можат да ја убијат љубовта.

А твојата генерација ќе биде најсилна. Вие ќе бидете најмногу решени да го победите ова. И ќе имате најмногу љубов за давање, бидејќи ние ќе ве научиме дека не треба да се плашите од овие чудовишта, без оглед на тоа колку страшно изгледаат.

Се сеќаваш дека во секоја приказна има добри и лоши?

Гледај во добрите, драги.
Гледај во оние кои им помагаат на другите, како синоќа во Манчестер.
Гледај во докторите, медицинските сестри, болничарите и полицијата кои се на местото на инцидентот и работат за да спасат и да заштитат други луѓе.
Гледај во минувачите кои се грижат еден за друг и прегрнуваат непознати.
Гледај во родителите и семејствата кои изгубиле деца во оваа трагедија, но зборуваат за солидарност и обединетост наместо за омраза и одмазда.
Гледај во силата.
Решителноста.
Љубовта.

Нема секогаш да бидам тука за да те штитам од кукавиците на овој свет кои напаѓаат невини и ранливи, но ќе те научам да го оттурнеш стравот со помош на храброста, надежта и смелоста кои ги гледаш.

Ќе те научам и ти самиот да бидеш храбар.

Ние ќе ве научиме вас, наши деца, да не се плашите и да живеете посилно, посреќно и посмело одошто живеел некој од нас.

Ние ќе ви ги држиме рацете и ќе ве водиме низ ова.

Ние ќе ви покажеме дека хероите секогаш ги победуваат негативците.

Ви ветуваме.

Раце

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20841 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.