Пораки за непокорност, мир, љубов и солидарност прекрија плоштад во Брисел по утринските терористички напади кои однесоа најмалку 34 животи. Исламската држава ја презеде одговорноста за грозоморните експлозии кои повредија и над 230 лица.
Целиот свет го осуди кукавичкиот напад на главниот град на Белгија, а моќните фотографии оттаму гласно говорат за ставот на Белгијците кон тероризмот.
Многу знаменитости низ светот блеснаа во боите на белгиското знаме во знак на поддршка.
Емотивните пораки за солидарност постојано се множат на социјалните мрежи.