Раскинувањето не е лесно, особено кога е предизвикано од неверство. Но, една изневерена девојка, наместо да тагува за разделбата, одлучила со крената глава да му се одмазди на својот дечко на игрив начин.
Нејзиното писмо кружи на интернет и откако беше објавено на Imgur, досега е видено над милион пати.
Здраво душо!
Погоди кој го остави својот Facebook отворен на компјутерот и доби порака од Келси? Да! Ти!
Но, не грижи се, не скршив ништо! Всушност, бев доволно фина да ти ги спакувам работите! И дури измислив соодветна игра, бидејќи знам дека сакаш да бараш различни нешта, како други девојки! Еве каде ќе ги пронајдеш твоите работи!
- Твојата облека е каде што се сретнавме за првпат!
- Твоите видеоигри се каде што се бакнавме првпат!
- Твојот лаптоп е каде што ја купивме нашата прва видеоигра заедно!
- Твојот телевизор е на местото каде што „отидовме докрај“!
- Сè останато, вклучувајќи ги и фотографиите од изминатите две години од нашите животи, е во куќата на Келси!
Забавувај се! Ах, и додека не скршив и не оштетив ништо, не можам да гарантирам дека нема да ги пронајде некој друг! Среќен лов!