Јасмин Османовиќ од Босна и Херцеговина слободно може да се нарече херој.
15-годишното момче без воопшто да размислува се искачи на вториот кат од опожарена зграда во Гетеборг и спаси жена која барала помош. Случката била снимена, а видеото стана хит на интернет.
Јасмин излегувал од маркет кога го забележал пожарот. Брзо се искачил до прозорецот, ја фатил жената за раце и ја спуштил во насобраната толпа луѓе.
„Благодарна сум што ми го спаси животот“ – рекла Икрам Махамед која по потекло е од Сомалија.