Популарни музичари од Британија го здружија својот талент за пеење и создадоа заедничка и емотивна преработка на песната „Bridge Over Troubled Water“, како и добротворен спот.
Целта на емотивното видео, во кое се прикажани кадри снимени веднаш по страшниот пожар во кулата „Гренфел“ во Лондон, е да се соберат средства за засегнатите во несреќата.
50 музичари, меѓу кои и славни ѕвезди како Рита Ора, Роби Вилијамс, Џон Њуман, Лиам Пејн и Џеси Џеј учествуваа во снимањето на песната, која веќе е број еден хит во 14 земји низ светот.
Видео
