Почетна » Новости » Занимливости » „Фустанот нè зближи уште повеќе“: Невеста се омажи во венчаницата на баба си од пред 60 години

„Фустанот нè зближи уште повеќе“: Невеста се омажи во венчаницата на баба си од пред 60 години

Невеста од Масачусетс за свадбата носеше венчаница која за неа има сентиментално значење. Прекрасниот фустан е истиот во кој нејзината баба се венчала со дедо ѝ.

„Баба ми не можеше да поверува дека одлучив да го носам нејзиниот фустан. Таа го имаше складирано во стара вреќа, бидејќи не мислеше дека е нешто ‘специјално’. Но, за мене беше. Се расплака кога ме виде за првпат на мојот голем ден. Тоа беше неверојатен момент кој ќе го ценам засекогаш“ – вели Али Ливингвотер.

Али Ливингвотер Али Ливингвотер Али Ливингвотер

„Фустанот очигледно има сентиментално значење за мене, бидејќи таа го носеше за да се венча со дедо ми“ – додала среќната невеста.

Али израснала со баба си Ани, но никогаш не го запознала својот дедо. „Никогаш не го запознав, но знам дека имаа успешен и среќен брак. Па сметав дека овој фустан ќе го насочува патот за мојот брак“ – вели Али.

Али Ливингвотер Али Ливингвотер Али Ливингвотер

Фустанот бил стар 60 години.

„Баба ми не можеше да поверува дека носеше иста големина со мене, бидејќи фустанот совршено ми прилегаше. Дефинитивно сметам дека фустанот нè зближи уште повеќе.“

„Сите ми даваа комплименти и сметаа дека е прекрасен гест“ – вели Али.

Али Ливингвотер Али Ливингвотер Али Ливингвотер

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 21638 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.