Фустанот кој Џуди Гарланд го носеше кога влезе во улогата на Дороти во „Волшебникот од Оз“, се продаде за 1,4 милиони евра на аукција во Њујорк.
Иако биле направени десет исти фустани за потребите на филмот, се верува дека тој е еден од двата фустани во кои Џуди се појавува на големото платно.
Сино-белиот фустан од популарниот филм од 1939 година бил продаден на анонимен купувач кој учествувал во наддавањето преку телефон.
Пред една година, костимот на плашливиот лав носен од Берт Лар се продаде на аукција за речиси 3 милиони евра.
Еден пар од црвените чевлички на Дороти пред 10 години беше украден од музејот Џуди Гарланд во Минесота. Пред неколку месеци беа понудени 1 милион долари како награда за оној кој ќе ги врати препознатливите чевли.