Црвените чевлички кои актерката Џуди Гарланд ги носеше во познатиот филм „Волшебникот од Оз“ дефинитивно се вбројуваат меѓу најскапите чевли на светот. Се проценува дека светликавите чевли со боја на рубин вредат меѓу 2 и 3 милиони долари.
Се верува дека Џуди Гарланд, во улогата на Дороти, го носела овој пар чевли кога во популарниот филм со нив чукнала трипати за да се врати во Канзас.
За снимањето на филмскиот хит биле направени 4 пара црвени чевли. Еден од нив е изложен во музеј во Вашингтон, вториот е дел од приватна колекција, а третиот бил украден од музејот Џуди Гарланд во Минесота.
„Волшебникот од Оз“ од 1939 година е едно од најзначајните остварувања во историјата на филмската индустрија. Еве кратко видео од филмот: