Мумтаз и Исан беа верни обожаватели на фудбалскиот клуб Фенербахче и не пропуштаа ниту еден нивен натпревар. Иако брачниот пар веќе не е на овој свет, турскиот клуб одлучи да му оддаде почит за лојалноста и поддршката.
Бидејќи поради коронавирусот натпреварите се одржуваат без публика, фудбалскиот тим постави огромна фотографија од Мумтаз и Исан на трибините.
„Нашите тетка Исан и чичко Мумтаз ќе бидат со нас утре, како што беа на секој меч. Тие се во нашите срца, никогаш нема да ги заборавиме“ – стои во описот на видео од Фенербахче.
İhsan Teyzemiz ve Mümtaz Amcamız her maç olduğu gibi yarın da bizimle olacak.
— Fenerbahçe SK (@Fenerbahce) December 11, 2020
Kalbimizdesiniz, sizi unutmayacağız. pic.twitter.com/iWgtvsgQhN
Исан и Мумтаз отсекогаш навивале за Фенербахче, а откако тој почина пред неколку години, Исан сама ја продолжила традицијата за посета на фудбалските мечеви.