Дизни манијата владее во престижната стоковна куќа Хародс. Излозите блескаат со фустани инспирирани од принцезите на Дизни, а креирани од врвни модни куќи како Версаче, Ели Сааб, Роберто Кавали и Валентино и најавуваат Божиќ во Дизни издание.
Новиот Дизни проект на Хародс е колекција префинет накит во соработка со Шопард. Блескавите парчиња накит се инспирирани од принцезите на Дизни и се изработени од дијаманти, смарагди, рубини, сафири, аквамарини и бисери.
„Многу сум среќна што ни беше дадена можност да го дизајнираме накитот на познатите принцези“ – изјавила Каролин Шојфеле, уметнички директор во Шопард.
Погледнете го деликатниот накит кој би ја претворил секоја девојка во модерна принцеза.