Шведскиот леден хотел блесна во ново ледено руво. Ова е 26-та преобразба на „Icehotel“, кој постои од 1989 година.
Овој снежен бајковит објект секоја година се топи во месец април, а подоцна се гради наново. Годинава во хотелот има 19 апартмани, сместени во комплекс со 55 соби, црква и бар, дизајнирани и обликувани од артисти од целиот свет. За негова изградба биле потребни околу 4.000 тони мраз.
На планетава постојат околу 10 слични хотели, но оригиналниот се наоѓа во Северна Шведска.