Мало парче рајска убавина на Малдиви му припаѓа на „Gili Lankanfushi“, хотелот кој се најде на врвот на годишната листа Најдобри хотели на светот, составена според гласовите на посетителите на TripAdvisor.
Луксузниот ресорт вклучува 45 бунгалова изградени над тиркизна вода, низ која се ѕирка восхитувачка флора и фауна. Прифаќањето на едноставната филозофија на хотелот „нема вести, нема обувки“ придонесува гостите да се чувствуваат како да се во друга димензија.
Перфектните зајдисонца, романтичните вечери на плажа и приватноста мамат многу младенци да го поминат медениот месец токму на оваа егзотична дестинација.