Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Фустан од човечка коса, токму како за Лејди Гага

ФОТО: Фустан од човечка коса, токму како за Лејди Гага

Дизајнерката Телма Медин создаде фустан каков што многумина не би облекле за ништо на светот и смета дека најсоодветната личност која би го носела е Лејди Гага.

Фустанот е направен од 250 метри коса, тежи околу 95 килограми и чини околу 60.000 евра.

Фустан од коса
Фустан од коса Фустан од коса

Гордата дизајнерка веќе ѝ го понуди своето дело на ексцентричната Лејди Гага за наредната нејзина турнеја. „Ќе бидам пресреќна ако некој како Лејди Гага би го носел, сметаме дека таа би изгледала неверојатно во него. Тоа е уникатна креација, исто како неа“ – изјавила Телма.

На изработката на фустанот работеле осум лица, кои освен коса употребиле и 1.500 кристали и 12 потсукњи. „Беше потребен тим од 8 луѓе и повеќе од 12 дена за да се направи и како што можете да видите, искористивме многу коса“ – изјавил стилистот Рајан Едвардс, кој соработувал со Телма за изработката.

„Ова беше шанса за нас да ја покажеме нашата креативност и оригиналност, фантастично е чувството да го видиш крајниот производ. Слободно може да се каже дека долго време нема да видиме друг ваков фустан“ – дополнил тој.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 21902 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.