Студентите на Универзитетот во Бангкок очигледно се мотивирани да не ги пропуштаат предавањата. Современата образовна установа заврши одличен проект за создавање на примамливо фоаје за студентите.
Фоајето со футуристички дизајн им нуди на студентите креативен простор во којшто ќе можат да учат и да се релаксираат во паузите помеѓу предавањата, но и по завршувањето на напорниот ден.
Најголем дел од просторот од 1.000m2 го зазема таканаречената „Пештера за читање“, каде што студентите ќе можат да учат во групи или самостојно.
Пред „пештерата“ се наоѓа „Големата софа“, каде што одделни мали софи можат да се трансформираат во поголеми или помали групи, во зависност од потребите на студентите.
Покрај тоа, има простор наменет за забава и релаксација со опрема за караоке, музичка соба за одржување на проби, маса за билјард, штанд за шминкање за студентките и соба за ослободување од стресот во кунг-фу стил.
Кој не би сакал да студира тука?