Статистичките податоци говорат дека 70% од лицата кои биле малтретирани како деца стануваат насилни како возрасни. Потресниот податок беше споделен од организацијата Save The Children преку драматични фотографии.
Фотографиите од кампањата покажуваат неколку различни фази од животот на жртвите на семејно насилство. Секое од лицата е малтретирано како дете, а потоа како што расте го затвора кругот и станува насилник.
Кампањата за првпат се појави во мај минатата година, но поради длабоката порака која ја пренесува, до денес го има зачувано силното влијание.