Наближувањето на празникот на вљубените го поттикна создавањето на најромантичниот фустан, изработен од 1.725 цветови.
Креацијата која мами воздишки е дело на цвеќарот Џо Меси, кој работел 170 часа за да создаде грациозен фустан тежок околу 12 килограми. Најголем дел од фустанот е изработен од црвени рози, но биле вклучени и листови од каранфили, хризантеми и гербери.
„Создавањето на овој фустан беше голем предизвик и неверојатно искуство. Сакав да олицетворам сè што треба да биде еден букет за Св. Валентин – класичен, елегантен и секси. Се надевам дека ќе ги инспирира луѓето да ги почестат своите сакани со екстра специјален букет цвеќе за овој Св. Валентин“ – изјавил дизајнерот Џо Меси.
Фустанот бил инспириран од креацијата на Стефан Ролан која супермоделот Јасмин Ле Бон ја презентираше на неодамнешната недела на високата мода одржана во Париз.