Прстенот наречен „Tsarevna Swan“ влезе во Гинисовата книга на рекордите. Врз него има 2.525 дијаманти и официјално тоа е прстенот со најмногу дијаманти на светот.
Луксузниот прстен е изработен од 18-каратно бело злато, а проценето е дека вреди 1,3 милиони долари. За неговото дизајнирање биле потребни 530 часа, а за изработката 3.625 часа.
Во моментов прстенот е изложен во Киев, Украина, каде што и бил произведен, но во наредниот период ќе биде дел од различни изложби низ светот.