На вчерашното отворање на новиот градски стационар за бездомни кучиња ЈП „Лајка“ имаше весели обожаватели на животните, меѓу кои се истакнаа омилениот Петко и неговата другарка Марија.
Популарниот претставник на ОХО Продукција испрати порака до сите љубители на најдобриот пријател на човекот.
Здраво другари! Со Марија се наоѓаме во светот на градските миленичиња. Можеби веќе препознавате некои од нив, можеби сте ги виделе како дремат под клупа во парк, или пак како стојат пред некоја продавница, а можеби со некои од нив заедно сте чекале зелено светло на семафор или пак ред за пиење вода на градските фонтани.
Замислете колку би било убаво ако сите тие имаат свој дом, топло креветче, редовен оброк, па дури и топла бања – како тука во „Лајка", но засекогаш!
Секој заслужува љубов и дом. Бидете вистински другари и дојдете во „Лајка", тука сигурно ќе го најдете вашиот иден најдобар другар. Вдомете, не купувајте!
И не заборавајте, дружбата продолжува наскоро во новата сезона на 5+!
Ваш,
Петко Брзотрчковски
Петко и екипата наскоро ќе започнат со снимањето на шестата сезона на детската ТВ серија „5+ Фамилија“.
Фото: Иван Алушевски