Ако некогаш сте го гледале цртаниот филм „101 далматинец“, нема како да не се сеќавате на првата средба меѓу главните ликови Роџер и Анита. Тие се запознаваат откако далматинецот на Роџер, Понго, ќе ги спои со своето ремче, а потоа се заљубуваат и стапуваат во брак.
Креативен пар ја пресоздаде незаборавната љубовна сцена за да ја овековечи својата свршувачка на интересен начин. Фотографиите на Тони Колиер и Корин Џонс брзо се распространија на интернет откако Тони решил да ги објави на Imgur.
Имено, Корин е огромна обожавателка на „101 далматинец“, па побарала од фотографката Мелиса да им направи фотосесија инспирирана од филмот. Слаткото дуо ги искористило своите кучиња Муки и Изабел на местото на далматинците Понго и Пердита. Резултатот е одличен.
Фотографиите на Тони Колиер и Корин Џонс: