Со само еден поглед фрлен врз фотографиите на Ajрис и Абис, слатките мачиња ќе ви го заробат срцето. Неодоливите сестрички, кои се родени на 11 ноември 2015 година, имаат свој профил на Instagram раководен од нивниот сопственик и досега имаат привлечено 42.000 обожаватели.
Уникатната убавина на белите маченца од Санкт Петерсбург се крие во нивните очи кои имаат различна боја.