Кобила со прeкрасна руса грива освојува срца на социјалните мрежи.

8-годишната Сторм (Бура), стана хит на Instagram откако нејзината сопственичка Наоми Бекерс започна да споделува заеднички фотографии.
„Планирав одвреме-навреме да објавувам само по неколку фотографии од Сторм на Instagram, но луѓето постојано ме прашуваа кога ќе постирам нова фотографија“ – изјавила Наоми.








Поради раскошните руси локни кои се веат кога трча, убавицата меѓу коњите многумина ја нарекуваат Рапунзел.
24-годишната студентка ја купила Сторм пред две години и инстантно се поврзале.






































