Ретки се луѓето кои не „паѓаат“ на шармот на слатките животни.
Марк Тејлор е фотограф кој многу добро знае да ја улови убавината и слатките постапки на животните. Следејќи ги стапките на својата мајка, тој создава забавни фотографии од животни, но вели дека неговата работа иако изгледа лесна, е многу непредвидлива и е еден вид предизвик.
„Варира од скоро лесно (никогаш не би рекол дека е многу лесно) до екстремно тешко. Во некои прилики не добивам ништо од животното, затоа што него едноставно не му се допаѓа да е во моето студио. Мачките се потешки за фотографирање од кучињата, бидејќи се попретпазливи. Уплашена мачка може да изгледа само уплашено“ – изјавил тој.
Погледнете некои од неговите најдобри фотографии: