Проблем со дебелината може да имаат и животните, особено домашните миленичиња кои обожаваат да се излежуваат и кои постојано имаат пристап до храна. Сунѓерот Боб (Sponge Bob) е можеби најдебелиот мачор на светот.
Кога првпат бил измерен, деветгодишниот портокалов мачор тежел 15 килограми, односно колку просечно тригодишно дете. Обемот на стомакот на дебелиот мачор е еден метар и речиси 30 сантиметри.
Сунѓерот Боб се здебелил бидејќи неговата сопственичка била премногу стара и изнемоштена за да ја регулира неговата исхрана. Откако таа заминала во старечки дом, мачорот бил однесен во центар за животни.
„Ја отворивме кутијата и 10-15 души стоевме, зјапајќи. Тој е најголемата мачка којашто ја имаме видено“ – изјавила Кендра Мара од непрофитабилната организација која се грижи за напуштени миленичиња.
Со цел да ја намалат неговата тежина за да избегнат здравствени проблеми, во центарот за згрижување на животни го ставиле Боб на диета и веќе ослабел околу 2 килограми. Од центарот се надеваат дека Боб наскоро ќе биде посвоен.
Минатиот месец почина најдебелиот мачор на светот кој имаше речиси 18 килограми.