Американците решија да им ја одземат на Канаѓаните титулата за најголем комерцијално достапен хамбургер на светот и создадоа масивен сендвич кој тежи 352,5 килограми и содржи неверојатни 1 375 000 калории.
Во чест на Денот на независноста, амбициозните готвачи Ник Никора и Брет Енрајт потрошиле 15 часа за да го комплетираат огромниот сендвич кој содржи 50kg лепиња, 9kg кромид, 5,5kg краставички и 14kg зелена салата.
„Стариот рекорд беше поставен во Канада и ние сакавме да го донесеме дома во Америка на 4 јули“ – изјавил Ник.
Мали делови од сендвичот биле продавани по цена од 99 центи, а сите приходи биле донирани за хуманитарни цели.