Полковник Мјау (Colonel Meow) е мачор со невообичаено долго крзно. Сивиот мачор кој често предизвикува насмевки на интернет со својот смрштен израз, влезе во Гинисовата книга на рекордите благодарение на своето крзно, долго 22,87 сантиметри.
Галењето и гушкањето со Полковник Мјау сигурно се незаборавни доживувања, но „бујното“ милениче им создава влакнести проблеми на своите сопственици, кои велат дека сè во нивниот дом е прекриено со влакна и се принудени постојано да чистат со правосмукалка.
Освен тоа, неопходна е и посебна грижа за крзното на Мјау. „Му го четкаме крзното 2-3 пати неделно. Мора да сме двајцата за да го исчешламе убаво“ – изјавиле сопствениците.
Полковник Мјау ќе влезе во новото издание на Гинисовата книга на рекордите, која ќе биде објавена следниот месец.