Њујоршка свадба на кучиња постави Гинисов рекорд. Церемонијата на која кучињата Бејби Хоуп и Чили Пастернак на кучешки начин се „заколнаа“ на вечна љубов е најскапата свадба на домашни миленици направена досега.
Речиси 300 гости присуствуваа на свадбата која чинеше 158.187 долари. Само венчаницата на невестата имала цена од 6.000 долари, а одличната музика на забавата чинела 15.000 долари. Сите услуги и продукти за свеченоста биле донирани.
Настанот имал и добра цел – биле собирани средства за организацијата „Humane Society of New York“, која се грижи за болни и бездомни животни.
Главен организатор на свадбата била сопственичката на Бејби Хоуп, активистката Венди Дајмонд. Таа планирала невеста да биде нејзиното куче Лаки, но во меѓувреме тоа починало од рак.
Погледнете како изгледаа гостите и самата свеченост: