За да може да ја покаже целата должина на својата коса, Кинескињата Ни Линмеи треба да биде качена на стол. 55-годишната мајка со гордост ја пуштила пред камерите косата долга 2,53 метри.
Трпеливата Ни ја нема потстрижано косата веќе 14 години, а за да ја одржува, освен што троши огромни количини шампон, таа ја чешла еднаш дневно со помош на своите две ќерки.
Сепак, косата на Ни е далеку од рекорд. Гинисовиот рекорд за најдолга коса го поседува друга Кинескиња. Ксие Кјупинг во 2004 година имала коса со должина од 5,627 метри, која ја растела од 1973 година.