Квазимодо ја освои титулата „Најгрдо куче на светот за 2015“. Кучето, чие име очигледно е инспирирано од грбавиот Квазимодо од „Ѕвонарот на Богородичната црква во Париз“ поради деформитетот на 'рбетниот столб, ги освои срцата на судиите и публиката на натпреварот одржан во Калифорнија.
Иако има машко име, Квазимодо е женско.
10-годишниот мелез ги победи останатите 25 натпреварувачи и покрај новата титула, освои награда од 1.500 долари.
Квазимодо била напуштена и една година живеела во шинтерница, но за среќа, пред девет години била посвоена од ветеринар во Флорида и несомнено се наоѓа во добри раце. Ова не е прв пат Квазимодо да учествува на изборот за најгрдо куче на светот. Минатата година таа го освои второто место.
Погледнете и дел од останатите натпреварувачи:
Натпреварот се одржува веќе 27 години и има за цел да ја подигне свеста за напуштените кучиња и да ги поттикне луѓето да вдомуваат кучиња од шинтерница.