Ноќното капење е многу интересно за младите авантуристи, но за Фил Харт и неговите пријатели ноќното капење во езеро во Австралија било неверојатно доживување што долго ќе го паметат.
Поради високата концентрација на микроорганизмите „Noctiluca Scintillans“, езерото Gippsland во Викторија светело флуоресцентно сино во ноќта, а среќниот Фил го имал со себе својот фотоапарат за да го овековечи реткиот настан.
„Беше исто како да си играме со радиоактивна боја“ – изјавил 34-годишниот фотограф кој ги сликал неговите пријатели додека излегуваат од водата.
Фотографиите се исклучително интересни затоа што во изминативе 50 години никој не видел езерото да свети толку силно.
„Може да не се случи повторно додека сум жив. Се чувствувам среќен што бев таму да го видам и што го имав фотоапаратот за да го сликам“ – изјавил Фил.