Рене Кембел е најмускулестата бодибилдерка во Велика Британија, но сè уште не е задоволна од својот изглед и сака уште поголеми мускули.
35-годишната мајка на две деца признава дека страда од бигорексија (опседнатост со развивање на мускулатурата) и пет дена седмично вежба по 2 часа за да ги зголеми своите и онака големи мускули.
Во моментов Рене тежи 84,8 килограми, а има желба да достигне тежина од над 120 килограми.
„Нема да престанам додека не станам поголема. Ги гледам момците во фитнес салата кои се 120 килограми и помислувам дека сакам да бидам толку голема. Ја обожавам мускулестата естетика, да изгледаш како грчки бог. Тоа е форма на уметност“ – изјавила таа за The Sun.
Секојдневно Рене консумира по 4.200 калории преку шест оброци составени од пилешко, ориз и зеленчук. Таа со себе носи и вага со која ги мери оброците во рестораните.
Разведената мајка е британски шампион, а нејзината наредна цел е да стане светски шампион. Рене започнала да вежба пред четири години.