Британката Меј Шапел го прослави осумдесет и осмиот роденден со своето навистина големо „потесно“ семејство. Среќната старица направи забава на која присуствуваа нејзините 10 деца, 37 внуци, 56 правнуци и едно пра-правнуче.
На денот на големата прослава, Меј доби уште една среќна вест – дека наскоро ќе се роди второто нејзино пра-правнуче.
„Беше прекрасно – сите имавме навистина убав ден. Мислам дека бевме 168. Еден или двајца беа наши пријатели, но повеќето беа од нашето семејство. До пред некоја година таа правеше торта за сите внуци, но сега сме толку многу“ – изјавила една од нејзините ќерки.