Почетна » Новости » Занимливости » Фитнес совети од жена која започна да вежба на 70 години, си го промени телото и живее без лекарства

Фитнес совети од жена која започна да вежба на 70 години, си го промени телото и живее без лекарства

Никогаш не сте престари за да се грижите за себе, за да влезете во форма и за да си го подобрите здравјето. Оваа порака секојдневно ја испраќа Џоан МекДоналд.

Инспиративната бабичка, која започна да вежба на 70-годишна возраст, ги потсетува сите луѓе, а особено оние од постарата генерација, дека вредат и дека не треба да се откажуваат прерано од животот.

Џоан МекДоналд Џоан МекДоналд

Џоан тежела 90 килограми кога го започнала своето патување. Таа имала бројни здравствени проблеми поради кои ѝ било препорачано да ги зголеми лекарствата кои ги примала. Тоа било пресвртница во нејзиниот живот и таа добила силна мотивација да ја намали тежината.

„Во ноември 2016 година, бев кај мојот доктор и тој ми рече дека сака да ми ги зголеми лекарствата. Крвниот притисок ми беше многу лош, имав ужасни киселини во желудникот и постојано ми се чинеше како некој да ме гуши. Знаев дека слабеењето ќе ми помогне да се тргнам од лекарствата“ – објаснува таа за своите почетоци.

Џоан МекДоналд Џоан МекДоналд Џоан МекДоналд

Со помош на ќерка си, таа започнала да си го трансформира и животот и телото. Една година подоцна, го создала својот блог преку кој ги охрабрува луѓето да се грижат за нивното здравје со тренинзи и здрава исхрана. Сега Џоан живее живот без лекарства, со исклучок на витамините кои ги прима.

„Постарите луѓе треба да знаат дека вредат. Дека нивните животи сè уште вредат и дека можат да бидат поздрави“ – вели таа.

Џоан МекДоналд

Преку својот профил, Џоан советува:

Не чекајте да бидете совршени за да се гордеете со себе

„Морате веќе денес да го гледате вашето совршенство, вашиот труд и вашата храброст. Сакајте се доволно за да се промените и секој ден покажувајте си љубов“.

Џоан МекДоналд

Јадете пет оброци дневно, внимавајте на хидратацијата и спијте 7-8 часа

„Важно е да внесувате по 5 оброци во денот, мали оброци фокусирани на протеини, јаглехидрати и добри масти. Јас имам оброк пред вежбање, по вежбање и уште три други оброци.“

„Спијте доволно. Важно е да спиете седум до осум часа дневно. Хидратирајте се и пијте најмалку три литри вода дневно. Кога не го правам тоа, имам главоболки и сум летаргична.“

Никогаш не сте престари за да станете фит

„Продолжувајте да се движите. Продолжете да работите за да бидете посилни. Постојано зголемувајте си го репертоарот од здрави рецепти. Секој може да го промени правецот на неговото здравје. Сите можеме подобро да старееме ако ја имаме оваа мисла на ум.“

Џоан МекДоналд Џоан МекДоналд Џоан МекДоналд

Носете привлечна облека додека вежбате

На почетокот од нејзиното фитнес патување, Џоан се облекувала во широка облека, но мотивацијата ѝ се зголемила откако ќерка ѝ и предложила да си купи нова облека и да си го промени стилот.

„Кога се видов во привлечна облека во слатки бои, се почувствував одлично внатре во мене. Јас всушност имав мускули и имав добра фигура која се оформуваше. Сега не можете да ме фатите како одам во фитнес сала без да си одделам време за да го изберам омилениот аутфит“ – вели таа.

Секогаш предизвикувајте се себеси

„Не го правете најлесното нешто што можете да го направите. Видете дали можете да пробате нешто поразлично. И направете го најдобро што можете“.

Џоан МекДоналд Џоан МекДоналд

Не се откажувајте

„Обидете се да не се обесхрабрувате кога нештата нема да испаднат онака како што сакате. Ќе се разочарувате патем, нема бегање од тоа. Таков е животот, но не дозволувајте тоа да ве управува. Продолжете да се обидувате. Заслужувате љубов и смеа во вашиот живот, кои не треба да завршат кога ќе наполните 40 или 50 години.“

Џоан МекДоналд Џоан МекДоналд Џоан МекДоналд Џоан МекДоналд Џоан МекДоналд

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20844 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.