Вагата не треба да диктира како се чувствувате за своето тело, бидејќи не ја одразува вистинската слика за вашиот изглед, вашето здравје и вашата сила – ова е пораката на Келси Велс, блогерка и фитнес зависничка која ја следат стотици илјади лица на Instagram.
26-годишната мајка на едно дете преку три фотографии покажува дека килограмите се само бројка и дека треба да заборавиме на вагите кога го мериме нашиот напредок. Пред бременоста, Келси тежела 55 килограми (на левата страна на фотографијата). Сега таа тежи 9 килограми ПОВЕЌЕ (десната страна на фотографијата), но изгледа многу подобро, а освен тоа има и повеќе енергија и е посилна.
Преку споделувањето на фотографијата за споредба, таа визуелно ги потсетува жените дека вежбањето им ја покачува мускулната маса и килограмите, но тоа влијае многу позитивно на изгледот, кондицијата и здравјето. Таа тврди дека никогаш не била поздрава, посамоуверена и посреќна од сега.
ЗАБОРАВЕТЕ НА ВАГАТА. Мислам дека е време пријателски, но строго да ве потсетам.
ВЕ МОЛАМ ПРЕСТАНЕТЕ ДА СЕ ДРЖИТЕ ЗА БРОЈКАТА НА ГЛУПАВАТА ВАГА! ВЕ МОЛАМ ПРЕСТАНЕТЕ ДА СИ МИСЛИТЕ ДЕКА ВАШАТА ТЕЖИНА Е ЕДНАКВА НА ВАШИОТ НАПРЕДОК И НАЈМНОГУ ОД СÈ ВЕ МОЛАМ ДА ПРЕСТАНЕТЕ ДА Ѝ ДОЗВОЛУВАТЕ НА ТЕЖИНАТА ДА ИМА КАКВО И ДА БИЛО ВЛИЈАНИЕ НА ВАШАТА САМОДОВЕРБА, како што правев јас некогаш.
До сите кои се онаму каде што некогаш бев и јас: Ве молам послушајте ме. Јас сум висока 170 сантиметри и сум тешка 64 килограми. Кога започнав да вежбам, 8 недели по породувањето, тежев 66 килограми. Пред да забременам имав 55 кг, па врз основа на ништо друго освен на мојата извртена перцепција, одлучив дека моја цел треба да биде тежината од 55 кг, како и да успеам да се соберам во најмалите фармерки.
По неколку месеци тренирање и доење, ЈА ПОСТИГНАВ и се собрав во моите најмали фармерки. Погодете што? ОТТОГАШ ИМАМ КАЧЕНО 9 КГ. И конфекцискиот број на панталони ми скокна за две цифри. Да бидам искрена, ги распарав старите фармерки додека се обидував да ги облечам над колената пред една недела.
Која ми е поентата? Според старата јас и дефектните стандарди, јас би требало да се чувствувам мизерно. Му благодарам на Бог што конечно започнав да го мерам мојот напредок по нештата кои се важни – сила, способност, издржливост, здравје и СРЕЌА.
Правете си фотографии и видеа за документирање на напредокот. Запишувајте колку склекови можете да направите итн. Има само 2 килограми разлика меѓу тежината кога започнав да вежбам и мојата сегашна тежина, но градбата на моето тело се промени ЦЕЛОСНО. Никогаш не сум имала толку многу мускули и толку малку масти. Никогаш не сум била поздрава одошто сега. И никогаш не сум се чувствувала поудобно во своето тело одошто сега.
Ако не ѝ кажев на вагата „Оде*и“ пред долго време, досега ќе се откажев од моето патување. Па, на малиот глас кој минатата недела кога се качив на вагата ми велеше „Што е ова? 64 кг?“ му велам ОДЕ*И. И најверојатно треба да ѝ го речете истото и вие на вашата вага.