Зима... некои ја сакаат, други едвај чекаат да помине.
Но, како и секое годишно време и зимата носи со себе забавни и магични моменти. Потребно е само да знаеме да ги цениме и да уживаме во нив.
Русинката Наталија Окунева-Раракина создаде илустрации кои ги прикажуваат малите моменти кои нè радуваат во зима:
Зимата го буди детето во нас.

Чувството да влезете под топол туш по долга прошетка на снегот е неверојатно.

Сонцето е скапоцено, дури и ако нè грее само кратко.

Можете да испиете неограничена доза топол чај... или греено вино.

Љубовниот статус во голема мера го определува нашиот стил.

Зимата ја носи најубавата сезона на подарување подароци со љубов и внимание.

Нема ништо послатко од пиење топло кафе со најдобрата пријателка на снегот...

... Или од правење Снешко на свој начин.

Вистинска љубов е да се сакате со партнерот со топла зимска облека и црвен нос.

Температурата можете да ја одредите со сопствениот здив и да се забавувате испуштајќи „чад“ низ уста.

Секој проблем се решава со топло ќебе.

Љубовта може да нè згрее секогаш, но дали сте пробале да облечете пижами кои се топлеле на радијатор?
