Почетна » Новости » Занимливости » Туркајќи ја ќерка си во инвалидска количка, татко истрча маратон за да собере пари да се најде лек за нејзината болест

Туркајќи ја ќерка си во инвалидска количка, татко истрча маратон за да собере пари да се најде лек за нејзината болест

Грег МекКуртејн е посветен татко кој прави сè за своите деца. 44-годишниот маж од Масачусетс истрча нов маратон, туркајќи ја 10-годишната ќерка Аби која е во инвалидска количка.

Неговата цел е собирање на парични средства за наоѓање лек за прогресивната невролошка болест на ќеркичката (Leigh's disease). Оваа година, дуото татко-ќерка има собрано над 10.000 долари.

Иако туркањето на количката е голем предизвик, Грег вели дека целиот труд вреди за нејзината насмевка. „Чувството е прекрасно. Секој маратон има подеми и падови, но таа ме мотивира да продолжам. Блика од среќа“ – вели тој.

МекКуртејн МекКуртејн МекКуртејн МекКуртејн

Абигејл имала само 9 месеци кога ѝ било дијагностицирано ова ретко невролошко нарушување. Денес, таа е во инвалидска количка, се храни со туба и не може да зборува.

„На почетокот беше навистина тешко. Не искусивме ниту едно од оние важни моменти во развојот на бебето кои секој родител ги очекува со нетрпение. Тоа беше тешко за нас. Докторите проценуваа дека ќе живее околку 2 години од дијагнозата. За среќа, го надминавме тоа“ – вели Грег.

МекКуртејн МекКуртејн

И покрај нејзината состојба, Грег се труди да ја одржува ќерка си активна и учествува со неа на маратони, полумаратони и триатлони.

„Аби навистина е возбудена за сите овие трки и за забавните нешта кои ги правиме заедно. Ужива кога ветрот ѝ ја дува косата“ – додава Грег.

МекКуртејн МекКуртејн

„Таа го прави овој свет подобро место и ние се трудиме да го направиме поубаво место за други родители кои минуваат низ истиот пат“ – објаснил таткото.

МекКуртејн МекКуртејн МекКуртејн МекКуртејн МекКуртејн

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 21619 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.