Ниските температури и снегот во зима може да ги спречат и најжестоките вљубеници да се откажат од своите велосипеди на неколку месеци. Но, во северните земји, како што е Финска, возењето велосипед во зима е нормална активност.
Пека Такола, кој се грижи за добросостојбата на луѓето во гратчето Оулу и е координатор за велосипедизам, објави фотографија од паркинг за велосипеди во локално училиште. Објавата брзо стана хит на социјалните мрежи, бидејќи е направена на температура од -17⁰C. И покрај ниските температури, паркингот е полн со детски велосипеди.
„1.000 од 1.200 деца во ова училиште во Оулу, Финска, доаѓаат со велосипед дури и во зима. 100-150 деца пешачат, другите скијаат, санкаат или доаѓаат со автомобил. Надвор беше -17⁰C“ – напиша тој во објавата.
1000 out of 1200 kids in this school in #Oulu, #Finland, arrive by #bicycle, even in winter. 100-150 walk, rest by ski, kicksleds and car. This day it was -17°C.@WCCCalgary2019 #WCC2019 #wintercycling pic.twitter.com/8vgDEMf56R
— Pekka Tahkola (@pekkatahkola) February 6, 2019
Додека на некои родители ќе им изгледа како лоша идеја да го пуштат детето со велосипед на училиште, во ова гратче тоа е сосема нормална и здрава активност, а и патиштата се чистат со цел да се создадат услови за возење.
„Иако на многу родители во САД им е тешко да замислат да му дозволат на дете да вози велосипед до училиште на какво било време, тоа е правило во некои делови од Финска. Ова е нормално, отсекогаш било така. И јас возев велосипед и се санкав до училиште како дете. И истото е и на -30⁰C“.
„Дефинитивно ова не е единствено вакво училиште. Во Оулу има повеќе училишта каде мнозинството од децата возат велосипед и пешачат до училиште. Организиравме тура за учесници од Јужна Финска за да видат како возењето велосипед до училиште се изведува во нашиот град“ – вели Пека.
Henkilökohtainen kriittinen pyöräretki Puotila-Kalasatama. #Helsinki #talvipyöräily pic.twitter.com/oJhsbdD9Vk
— Nina T. (@nuusa_) January 26, 2019