Тројца македонски велосипедисти постигнаа огромен успех.
Лазо Миновски, Никола Нешкоски и Иља Деревјев возеа до врвот Ухуру, висок 5.895 метри, а заедно со нив беа и планинарите Ирина Дишовска, Нацков Кире и Филип Христов.
Лазо и Никола станаа први Македонци кои на велосипед се искачија на највисокиот врв на планината Килиманџаро во Африка. Иља е Русин, но неколку години живее во Скопје.
Тие ја остварија нивната мисија вчера, а потребни им беа пет дена.
Тројцата спортисти споделија фотографии на Facebook направени на „покривот на Африка“.
Ден 5 - Покривот на Африка И тоа е тоа. На ден 16.02.2021 год групата хајкери и бајкери тргнаа заедно од Horombo huts...
Posted by Explore The Mountains on Среда, 17 февруари 2021
Упорните момци на 14 февруари тргнаа од градот Аруша кој се наоѓа на надморска височина од 1.400 метри.
Epa toa e toa, startuvameeeee.
Posted by Lazo Minovski on Недела, 14 февруари 2021