Почетна » Новости » Занимливости » Три идентични сестри станаа гинеколози по стапките на мајка им и сега работат заедно

Три идентични сестри станаа гинеколози по стапките на мајка им и сега работат заедно

Џоана, Вики и Сара Бедел се родени заедно како идентична тројка, а сега имаат и заедничка професија.

Трите сестри ги следеа стапките на нивната мајка Гертсен и станаа акушерки-гинеколози.

Бедел Бедел

Тие велат дека првпат виделе како нивната мајка породува жена кога имале само 8 години. Џоана, Вики и Сара биле преплашени и за малку не се онесвестиле.

Вики рекла дека била таму против нејзината волја и дека пациентката постојано се извинувала што пцуе.

„Се сеќавам дека мајка ми беше многу присебна и самоуверена дека ја контролира ситуацијата, што беше многу кул да се види“ – рекла Сара, додека Џоана додала дека била преплашена.

„Три нешта ми останаа во мозокот. Прво, не очекував главата на бебето да биде толку голема. Второ, за првпат почувствував дека ќе се онесвестам и трето, дефинитивно не сакав да бидам гинеколог“ – рекла Џоана.

Никогаш не вели никогаш. По игра на судбината, таа станала токму тоа што велела дека нема да биде. Иако мајка им никогаш не ги терала да ги следат нејзините стапки, сега сите три сестри се акушерки-гинеколози.

Бедел Бедел

„Се гордеам со нив“ – рекла мајката.

Минатата година, 36-годишните сестри објавиле дека нема повеќе да се занимаваат со акушерство и породувања, туку дека ќе се фокусираат само на гинекологијата и на женското здравје.

„Повеќе труд ќе вложиме и во нашата компанија за медицински истражувања каде помагаме да се постават нови третмани и терапии за најчестите гинеколошки проблеми“ – рекле тие.

Бедел Бедел

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20843 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.