Шпанското кралско семејство моментално престојува на Мајорка.
Кралицата Летиција уживаше во вечерно излегување со својата свекрва, кралицата Софија, и двете ќерки Леонор и Софија во Палма де Мајорка.
Трите генерации кралски дами привлекуваа внимание со појавата и со стилскиот избор. Летиција и двете принцези шармираа во слични стајлинзи, кои се состоеа од кратки фустани од Zara и еспадрили.
83-годишната кралица исто така избра ведра колоритна комбинација.