Фотографка сними фотосесија со девет мајки кои ги дојат нивните деца. Некои од нив држат табли со натписи на кои се напишани грубите коментари кои ги добиле додека ги доеле децата на јавно место.
Целта на Ники Хејлор е да ја подигне свеста кај луѓето и да им порача да престанат со предрасудите на оваа тема.
Хранењето на детето од сопственото тело е нешто МНОГУ специјално. И не е толку лесно колку што сите си мислат.
Потребна е длабока решителност. Од постојаното доење, до доењето за утеха, истеченото млеко и полнењето на градите со млеко кога ќе слушнеш плач на јавно место иако не доаѓа од твоето дете (ДА! Тоа се случува!), на мајките треба да им се АПЛАУДИРА, не да им се суди.
Доењето е ЧИСТО. Доењето е ПРЕКРАСНО. Доењето е ПРИРОДНО.
Здружив девет прекрасни мајки и заедно напишавме некои забелешки кои им биле кажани додека доеле, а кои НЕ СЕ во ред.
Ако видите мајка која го дои нејзиното дете во јавност, ве молам не ѝ приоѓајте со груби зборови. Продолжете по вашиот пат или насмевнете ѝ се и кажете ѝ колку е НЕВЕРОЈАТНА! Предрасудите и непријатните зјапања мора да престанат.