Маж за првиот роденден на малата ќерка организираше емотивна фотосесија во чест на покојната сопруга.
Имено, Џејмс Алварез ја изгуби сопругата откако пијан возач ја удрил со автомобилот кога била во осмиот месец од бременоста. За среќа, бебенцето преживеа и сега наполни една година.
Посветениот татко ја одведе ќеркичката Адалин на истото место каде ја снимаа трудничката фотосесија со саканата и заедно пресоздадоа неколку од фотографиите.
„Фотосесијата за првиот роденден на Адалин ја направивме во чест на мојата сопруга. Денес, одбележуваме една година од смртта на мојата сопруга, но исто така нашата прекрасна ќерка наполни една година. Ја облековме Адалин во розово фустанче, исто како мајка ѝ, и ги направивме фотографиите на истата локација на која ја снимивме трудничката фотосесија.“
„Беше тешко патување, но чекорам со крената глава. Се обидувам да бидам најдобриот татко за мојата ќерка. Сакам мојата сопруга да се гордее со мене“ – пишува Џејмс.