Меѓународниот ден на жената не помина добро за индонезиската компанија „Salvo Sports“, која предизвика лавина од негативни коментари поради сексистичкиот натпис на своите етикети.
A gentle reminder from @SALVO_ID jersey pic.twitter.com/TsOLu1G9IK
— Viola | भिओला (@veeola) March 6, 2015
Текстот „Дај ѝ го дресот на твојата жена. Тоа е нејзина работа“, кој стои во инструкциите за перење на облеката од спортскиот бренд, наиде на остри критики на социјалните мрежи, каде беа објавени фотографии од етикетите. Голем дел од коментарите се насочени кон задебелените големи букви „ТОА Е НЕЈЗИНА РАБОТА“, бидејќи пренесуваат порака дека перењето е женска обврска.
How sexist is this #SalvoSports pic.twitter.com/2Cdr9pO5Fg
— Ovandi (@idnavO) March 8, 2015
Од „Salvo Sports“ вчера официјално ѝ се извинија на јавноста и објаснија дека нивната намера била сосема поинаква. Во нивниот прв твит пишува: „Пораката е дека наместо да ја перете облеката на погрешен начин, можете да ѝ ја дадете на некоја дама, бидејќи жените се поспособни“.
„Немавме намера да ги понижиме жените. Напротив, сакавме да им кажеме на мажите дека треба да учат од жените како да се грижат за својата облека“ – пишуваат во вториот твит од компанијата, додавајќи дека се извинуваат за недоразбирањето.
И покрај извинувањето, негативните коментари не стивнуваат. Од компанијата не дадоа одговор на прашањето дали критикуваните дресови ќе бидат повлечени од продажба или не.
Nice backpedal #SalvoSports , "it means they are more capable" ... only that we are #notbuyingit
#sexism
#badjoke
#InternationalWomensDay
— PenelopeK (@Kelleyk43) March 8, 2015