Жените постојано слушаат иритирачки сексистички коментари, совети и пораки за тоа како треба да изгледаат, мислат, постапуваат или зборуваат.
The Huffington Post создаде видео во кое припаднички на понежниот пол ги споделуваат коментарите кои редовно им се упатувани, но кои луѓето никогаш не би му ги кажале на маж.
„Нема да го земеш презимето на маж ти?“, „Само толку малку ќе јадеш?“, „Јадеш премногу за женско“, „Пиеш виски?“, „Гледаш фудбал?“, „Не сакаш деца?“, „Мора да е ОНА време од месецот“, „Ако се насмееш, ќе бидеш многу поубава“, „Твојот биолошки часовник отчукува“, „Ќе дозволиш некој друг да ти ги гледа децата додека работиш?“ – се само дел од коментарите во видеото.
Можеби имате нешто да додадете?