Факт е дека за време на празниците никој не може да одолее на богатата трпеза и секој си дозволува да проба малку повеќе од вкусните, традиционални македонски јадења кои се наменети токму за овие посебни денови. А кога стивнува славењето, сите во својот „дневен ред“ размислуваат за примена на строг режим на исхрана.
Придржувајќи се до одредени диети, луѓето обично прават две големи грешки кои можат да резултираат со дополнително зголемување на телесната тежина – прескокнување на појадокот и изоставување на млечни производи од секојдневната исхрана. Малкумина знаат дека секојдневниот доручек кој вклучува и чаша млеко, може да помогне за да се дојде до посакуваната телесна тежина.
БиМилк млекото содржи значителни количини калциум, витамин Д, фосфор и други урамнотежени хранливи материи, и не само што го поттикнува здравиот раст на коските и забите и ја одржува функцијата на мускулите и крвните садови, туку и содржи состојки (калциум, железо, фолна киселина – витамин Б9 и влакна) кои се неопходни за одржување на витка линија.
Млекото не содржи заситени масти, па поради тоа и нема потреба од грижа за вишок на килограми. Напротив, докажано е дека луѓето кои редовно пијат млеко имаат повитка фигура од оние кои не пијат. За оние кои сепак сакаат да пијат нискокалорично млеко, идеален избор е трајното витаминизирано БиМилк млеко со 1,5 % млечни масти.
Внимавајте на вашето здравје и фигура и започнете го денот со чаша БиМилк млеко.