Ќерката на Сара Мејс и Димитар Атанасовски наполни четири години. Популарниот македонски пар ѝ организираше роденденска забава инспирирана од детската серија „Светот на Биби“.
31-годишната музичарка и познатиот водител позираа со двете деца Илина и Кирил на прославата. Цело семејство беше облечено во бело.
„Светот на Илина“ – пишува на декоративната позадина.
Сара и Димитар стапија во брак во 2017 година. Нивната ќерка Илина се роди во септември 2018, а синчето во јули оваа година.