Почетна » Новости » Занимливости » Слатка коинциденција: Новородени близначки добија исти имиња како медицинските сестри кои се грижеа за нив

Слатка коинциденција: Новородени близначки добија исти имиња како медицинските сестри кои се грижеа за нив

Интересна случајност го насмеа персоналот во болница во Колорадо за време на породувањето на Лорен Михан. Кога родилката кажа како планира да ги крсти ќерките-близначки, сите се изненадиле, бидејќи медицинските сестри кои требало да се грижат за нив ги имале истите имиња.

Лорен се породи на почетокот од октомври, еден месец пред терминот. Нејзините ќерки решиле да пристигнат на овој свет порано од планираното. За да ја смират и охрабрат мајката, вработените во болницата постојано разговарале со неа и ја држеле за рака, знаејќи колку емотивно искуство е тоа за неа.

Лорен Михан

Кога тимот ја прашал Лорен дали има избрано имиња за ќеркичките, таа им одговорила дека со сопругот ги сакале имињата Ема и Џулија.

„Сите во собата почнаа да се смеат, бидејќи двете сестри кои требаше да се грижат за моите бебиња се викаа Ема и Џулија. Во тој момент, сред целиот тој хаос, за момент запревме и уживавме во моментот, знаејќи дека е судено да бидат тие имиња“ – раскажала среќната мајка.

Откако се смирило смеењето во породилната сала, на свет дојдоа второто и третото дете на Лорен, близначките Ема и Џулија. Медицинските сестри не пропуштија да се фотографираат со своите имењачки.

Лорен Михан

„Двете медицински сестри секогаш ќе бидат специјални за нас, како што е и целиот тим кој се грижеше тој ден за нас. Ова ќе биде интересна приказна што ќе им ја кажуваме на нашите ќерки“ – рече Лорен.

Лорен Михан

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20946 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.