Титулата папа во минатото постојано се поврзувала со удобност и луксузно живеење. Но, папата Франциск од неговото застанување на чело на Ватикан успеа да ги разбие ваквите стереотипи. Па така, споредено со неговиот претходник Бенедикт, кој поради уживањето во луксузот го доби прекарот „Папата Прада“ и кој за својот имиџ дури имаше ангажирано и приватно лице кое произведуваше парфеми по негов вкус, папата Франциск е целосна спротивност и скромноста е неговата главна одлика.
Тоа што најмногу зборува за скромниот имиџ на Франциск е часовникот којшто го носи на неговата рака, а истиот не припаѓа на некој од луксузните брендови туку е наједноставен часовник Swatch. Повеќе информации за цената и за моделот побаравме од „Божиновски часовници и накит“ кои се застапници на овој бренд на часовници.



„Станува збор за часовник Swatch Once Again (GB743), модел чија вредност е 3.100 денари и е еден од најпопуларните модели од овој бренд. Интересно е да се напомене дека дури и во категоријата на Swatch часовници, ценовната рамка на овој модел е меѓу поефтините, бидејќи во понудата на овој бренд има и часовници од 12.000 денари па и нагоре“, ни објаснија од „Божиновски часовници и накит“.
Од компанијата уште истакнаа дека „Светиот часовник“ како што на шега го нарекуваат, ќе биде изложен во нивните салони за време на посетата на Папата Франциск на нашата земја.


Колку за споредба, Папата Јован Павле II на својата рака носеше часовник посебна серија Rolex Daytona 6241, вреден неколку десетици илјади евра.
Комерцијален текст