Полин Потер пред два месеца беше прогласена за најдебелата жена на светот и влезе во Гинисовата книга на рекордите. Откако нејзиниот бивш сопруг слушнал за новата титула, не можел да ѝ одолее и решил да ѝ се врати, затоа што дополнителните килограми ја направиле Полин уште попривлечна за него.
„Повеќето жени мислат дека слабеењето е начин да го привлечат вниманието на бившиот, но за мене беше токму спротивното“ - изјавила Полин, која сега тежи околу 320 килограми.
„Тоа што станав најтешката жена на светот направи тој повторно да се заљуби во мене и сега работиме на зацврстување на нашата врска“ – додала таа.
Полин е толку голема што не може да се движи, да се капе или да се облекува сама, па досега сето тоа го правел нејзиниот 19-годишен син Дилон. Но, сега грижата за Полин ја презема нејзиниот бивш сопруг Алекс.
46-годишниот Алекс за The Sun открил дека иако Полин е скоро неподвижна, нивниот секс е одличен. „Таа не може да оди, да се облекува сама или да оди до тоалетот, но јас очајно сакам да бидам нејзин љубовник и да се грижам за неа. Ми недостига нашиот сексуален живот. Полин може да достигне 450 килограми и повторно да имаме секс секој ден, затоа што толку е добар сексот. Најголемата моја грешка беше што ѝ дозволив на Полин да си замине и требаше толку да се здебели и да стане најдебелата жена на светот за да сфатам колку многу ја сакам. Иако некои може да си мислат поинаку, Полин е одлична в кревет. Таа е подобра од сите жени со кои имам спиено. Првиот ден откако се вратив кај неа, имавме секс 6 пати во текот на 24 часа. Иако една нога на Полин тежи повеќе од мене, можеме да ги позиционираме нашите тела така што сексот да биде уживање за двајцата“ – признал тој.
Полин и Алекс се запознале во 2002 година, а три години подоцна стапиле во брак. Во 2008 година нивниот брак се распаднал и Полин продолжила да живее со својот син и да ја зголемува својата тежина.
Со консумирање на околу 10.000 калории дневно, Полин малку по малку стигнала до тој степен што не можела сама да си ја облече долната облека и за тоа морала да бара помош од својот син. Стапила во контакт со претставници на Гинис со цел да ја раскаже својата приказна и некој да ѝ помогне. „Сфатив дека треба јавно да се понижам себеси за да си помогнам“ – изјавила таа.
Сега Полин е на диета и вежба трипати неделно во базен за да ја намали тежината. „Најпонижувачкото нешто на светот е да си опкружен со млади девојки во бикини кога тебе треба да те спуштаат со кран во водата“ – признала таа.
Очајната Полин сака да ослаби барем 90 килограми за да може да си направи операција и повторно да стане подвижна.